ФИА потврди дека перформансите на моторите се речиси исти

Главниот инженер за едноседи во ФИА, Николас Томбазис, потврди дека перформансите на моторите на Формула 1 гридот се многу слични откако замрзнувањето на развојот на агрегатите стапи од сила годинава.

Мерцедес, Ферари, Рено и Ред Бул Пауертреинс создадоа мотори за сезонава знаејќи дека истите ќе бидат замрзнати се до крајот на животниот век на актуелната регулатива, односно до крајот на 2025 година. Поради тоа што актуелната технологија е исто така на крајот од своите можности, простор за подобрување кај производителите има, но е маргинален, а за да се искористи може да се потрошат многу пари.

Томбазис посочи дека производителите нема да дозволат некој од нив да заостанува и да има сериозен дефицит од моторот во однос на ривалите.

никој од производителите нема проблем во моментов, а перформансите се слични. кога разговаравме за воведување на замрзнувањето на развојот, одлучивме дека ако некој производител иам потешкотии, сите ќе му помогнат со добра волја да го реши проблемот, можеби и преку дозволен развој за тој производител. никој нема интерес во тоа некој производител со години да заостанува и да биде инфериорен – изјави томбазис за La Gazzetta dello Sport.

Зборовите на инженерот може да звучат смирувачки за Мерцедес со оглед на тоа што нивниот недостаток на брзина на правците видливо преку фабричкиот тим, но и муштериите од почетокот на сезоната, може да значи дека се послаби од конкуренцијата.

Николас Томбазис посочи дека ФИА немала намера толку долго да ги стагнира моторите, но тоа било потребно во пресрет на воведување на новите мотори за кои ќе треба доста финансии, но и поради привлекување на нови производители, пред се брендовите од Фолксваген групацијата.

секако дека не е идеално да се замрзне развојот на моторите долго време, но моравме да го направиме тоа затоа што ќе беше неодржливо за производителите да развиваат актуелни мотори и да работат на новите.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ