ФИА ја откри својата нова структура

ФИА ја промовираше својата нова структура за подобра работа во иднина, а Стив Нилсен стана дел од Федерацијата.

Нилсеб беше спортски директор на Формула 1 откако Либерти Медиа ја првземаа тркачката серија во 2017 година, ќе ја има истата позиција, но со поголема надлежност затоа што ќе работи за ФИА. Тој ќе биде задолжен за се што е поврзано со спортот, контролата на трката и оперативниот центар задолжен за трките во седиштето на ФИА како и идно подобрување на спортскиот правилник.

Неговиот трансфер во ФИА минал со “амин“ од шефот на спортот, Стефано Доменикали кој смета дека вештината искуството на Стив многу ќе помогне на Федерацијата за подобра работа во иднина.

Николас Томбазис кој е на чело на техничкиот тим на ФИА од 2018 година ќе биде директор за спортски едноседи, а на него ќе му одговараат сите спортски, технички, финансиски, стратешки и оперативни директори.

Поранешниот технички шеф на Мекларен, Тим Гос, ќе биде технички директор, улога која ќе ја наследи токму од Томбазис откако од 2021 година е негов заменик.

Финансиски директор на Федерацијата ќе стане досегашниот финансиски директор на Формула 1, Федерико Лоди човекот кој е заслужен за имплементација на финансиските правил, додека Франсоа Сикард ќе биде стратешки и оперативен директор.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ