Формула 1 се враќа на Скај Германија

Формула 1 потпиша двегодишен договор за пренос на тркачката серија со Скај Германија (Sky Deutschland).

Скај ќе ги пренесуваат сите тркачки викенди во живо, без реклами и преку различни платформи во Германија, Австрија и швајцарските региони од германско говорно подрачје. Тие и претходно ги имаа правата за пренос на тркачката серија, но договорот заврши на крајот од 2017 година така што лани германците гледаа Формула 1 на РТЛ и Ф1 ТВ апликацијата.

одлично е што повторно ќе работиме со скај и ќе им помогнеме да ги подобрат и да ги кренат преносите на повисоко ниво. нивните преноси низ годините секогаш не импресионирале и сигурен сум дека нивните претплатници се нетрпеливи – изјави одговорниот за медиумски права во формула 1, иан холмс.

Првиот човек на германски Скај, доктор Холгер Енслин додаде:

сите тркачки викенди во живо без никакви прекини за реклами во текот на преносот и сето тоа во ултра хд. со овој одличен пакет повторно нудиме најдобар пренос на формула 1 во германија почнувајќи од оваа сезона.

со овој чекор ние ги слушаме желбите на многу наши муштерии на кои им недостасуваа преносите лани.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ