Формула 2, Белгија: Трката откажана поради ужасен судар

Првата трка во Формула 2 во Белгија беше откажана по сериозен и хорор судар во кој беа иволвирани Антоан Хубер, Хуан Мануел Кореа и Марино Сато во вториот круг.

Инцидентот се случи на излезот од Радилон во познатиот О’Руж, во кој изгледаше дека се вклучени 5 болида, но беше толку сериозен што официјалните лица одлучија да ја откажат трката.

Кореа беше забележан како се движи во кокпитот од неговиот превртен болид, додека Хубер беше тој кој го имаше најголемиот судар и неговиот болид беше преполовен.

Сато беше исто така забележан покрај патеката од камерите како заминува од несреќата, додека останатите болиди беа повикани назад во боксовите.

Сеуште нема официјални информации од Формула 2 за состојбата на Антоан Хубер, додека повеќе гледачи крај патеката објавија на социјалните мрежи дека се пристигнати повеќе медицински возила и целата област околу болидот е скриена.

Се надеваме на најдоброто за Хубер!

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ