Форс Индија демантираат дека ќе ги купи Рич Енерџи

Вториот човек на Форс Индија, Боб Фернли, ги отфрли како неточни тврдењата кои се појавија во печатот дека компанијата за производство на енергетски пијалоци. Рич Енерџи, ќе го превземе тимот од Силверстон.

Шпекулациите веќе неколку месеци говорат дека Вилијамс Стори, првиот човек на Рич Енерџи, има доставено понуда до екипата, така што на потег се Виџеј Малиа, Субрата Рој и неговата Сахара Груп како и Мајкл Мол да размислат околу понудата.

Во однос не неточните информации по медиумите и одредени работи насочени да го дестабилизираат тимот, потврдувам дека Рич Енерџи достави официјална понуда да го превземе тимот на крајот на Април. Оваа понуда начелно беше прифатено и блиску сме до финализирање на договорот за купопродажба. Бараните средства се депонирани како дел од купопродажбата цена и ќе инвестираме дополнителни осумцифрен износ во тимот – изјави првиот човек на Рич Енерџи.

Фернли не негира дека се преговарало, но потврдува дека договор не е постигнат.

Не е тајна дека тие се заинтересирани за превземање на тимот, но имаме и други заинтересирани страни. Колку што јас знам, ништо не е договорено. Немаме добиено инструкции за ништо, сите контакти се водат од страна на акционерите и поради тоа ние не сме вклучени во тоа – појасни Боб Фернли за италијански Autosport.

Првиот човек на екипата, доктор Виџеј Малиа, кој неодамна поднесе оставка во Управниот одбор на екипата, демантираше дека се преговара за продажба.

Гласините не престануваат да се појавуваат, а луѓето не престануваат да зборуваат. Таква е работата екогаш во падокот. Финансиската состојба на Форс Индија, без разлика дали тимот се продава или не, секогаш била предмет на шпекулации.

Не се шетаме наоколу со знак “за продажба“ и сме фокусирани само на вадење перформанси од болидот, тоа е приоритет. Исто така, работиме на привлекување нови спонзори за екипата.

Знаете дека во тимот има тројца акционери, а јас сум еден од нив. Ако некој дојде со сериозна понуда и подготвен пари, ќе се собереме и ќе дискутираме за тоа – изјави Малиа.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ