Шафнауер емотивен: Перформансите на Астон се како Форс Индија во 2014

Тимскиот шеф на Астон Мартин, Отмар Шафнауер, се присети на перформансите на Форс Индија чиј дел беше во 2014 година, велејќи дека денешниот Астон е многу сличен со неговиот тогашен претходник.

АМР23 болидот има ветувачки предсезонски тест кој изненади многумина во падокот, а перформансите беа потврдени со 3то и 6то место на Бахреинското Гранд При, прв подиум за Фернандо Алонсо по две години.

Форс индија во 2014 година ги имаше Серхио Перез и Нико Хулкенберг, а Шафнауер беше заменик на тогашниот тимски шеф, Боб Фернли.

астон неверојатно напреднаа, но фер е да се каже дека секогаш биле добар и многу ефикасен тим. честитки и мислам дека форс индија во 2014 година го направи истото, дојде во позиција за подиум, а перез се квалификуваше на 5то место со страшен ритам. им честитам на астон мартин за огромниот напредок – изјави американецот.

Иако Отмар призна дека тешко ќе биде за Алпин да го стигнат тимот од Енстон, сакаше да остане насочен на својот напредок и перформанси.

треба да видиме колку релативно сме поблиску до пол поиција од лани, колку сме со подобар ритам споредено од водечките во однос на лани, каде можеме да завршиме подобра работа. секоја година треба да надоместуваме, астон многу напреднаа, така што и тие се пред нас и наша цел.

Фабричкиот Алпин изгледаше скромно во Бахреин по неубедливиот предсезонски тест, а трката има ја уништија неколку проблеми кај двајцата возачи, Окон тргна од 9то место, одработе три казни, додека Гасли призна дека бил претерано агресивен во својата трка.

цел е да го повториме ланскиот резултат и се сеќавам каде бевме и лани по само една трка, веројатно во слична позиција. лани алфа ромео не победија тука, а дури и хаас беа пред нас, иако не се сеќавам каде беа мекларен и астон. на крајот, ние излеговме на 4то место во поредокот.

оваа трка не беше вообичаена за нас, ние вакви оперативни грешки не правиме. ако одработевме нормална трка од то место, мислам дека ленс беше пред нас и така ќе останеше.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ