Виџеј Малија оди во затвор

Поранешниот сопственик на Форс Индија, доктор Виџеј Малија, доби затворска пресуда откако не испочитува судска одлука. 

Индискиот врховен суд го прогласи за виновен Малија за учество во наводни прикривања на средства при барање заем. Сите обвинување се поврзани со неговата авио компанија Кингфишер Ерлајнс која е затворена во 2012 година. 

Малија се пресели во Лондон во 2016 година и отфрли дека бега од Индија откако долгот му се зголеми на 840 милиони фунти. Индија се обиде да побара екстрадиција Малија, но се верува дека тој сеуште живее во Лондон. Во 2017 година, беше обвинет за префрлање на 40 милони долари на своите деца и покрај забраната од судот.  Сега тој ќе мора да одлежи казна затвор од четири месеци.

Малија беше доста познат со купувањето на Спајекер во 2007 година, тим кој го ребрендираше во Форс Индија за наредната сезона. Подоцна се зголемија обвинуњата за измама и долгови поради што Форс Индија отиде во стечај во 2018 година и беше превземен од Лоренс Строл по што тимот го доби името Рејсинг Поинт за сега да се вика Астон МАртин. 

Форс Индија доби репутација на одличен тим кој може да се бори со топ тимовите со значително помал буџет. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ