Француското ГП има огромен долг

Надежта дека Француското Гранд При само кусо ќе недостасува од Формула 1 календарот се чини дека паднаа во вода.

Францускиот дневен весник Var Matin пренесува доверливо писмо пратено до главниот промотер на трката на Пол Рикар, Кристиан Естроси од страна на Жан Луи Масон, Претседател на локалната заедница. Масон посочува дека долгот од 27 милиони евра е проблем за интересите на локалната заедница.

Деновиве Жан Алези го превзема претседателското место на славната патека, но Масон посочи дека имало многу сериозни непраивлности со трошоците на промотерие последните шест години.

се додека не го знаеме вистинското потекло на трошоците, нема да го платиме нашиот договорен придонес – вели масон.

Генералниот директор на промотерскиот тим, Ерик Булие, сеуште ја има својата функција и тој го демантира Var Matin посочувајќи дека обвинувањата се претерани и неточни.

формула 1 е глобален спорт кој има 22 настани низ светот. сето тоа бара одреден број на патувања да бидат направени за да се организира соодветна трка, многу состаноци со шефоци, спортски федерации, пренесувачи на трките и промотери со цел се да мине во најдобар ред – посочи булие.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ