Ф1 ги откри локациите се четирите фестивали

Формула 1 го откри планот за Фестивалите за фановите оваа сезона, а на програмата ќе бидат настани во Шангај, Чикаго, Лос Анџелес и Бразил, но државата во Јужна Америка сеуште не потврдила.

Првиот настан во годината ќе биде во Шангај, паралелно со Кинеското Гранд При што ќе биде 1.000-та трка во Формула 1. Настанот ќе се одржува во Ксинтианди Парк, а тестерот на Рено, Гуан Ју Жу ќе демонстрира со Е20 на Рено од 2012 година, додека Џесика Хаукинс ќе вози Заубер Ц30.

Ќе следуваат Чикаго и Лос Анелес за кои локациите сеуште не се потврдени и секако Бразил.

по големиот лански успех, воодушевени сме што можеме да објавиме четири нови фестивали за фановите оваа година. посветени сме да го зголемиме искуството на ганови и да продолжиме да наоѓаме нови начини за инволвирање на фановите в спортот.

веруваме дека е клучно да ја однесеме формула 1 во градови каде фановите сакаат да ја почувствуваа атмосферата која владее на трките.

со објавување на новите фестивали се надеваме дека фановите низ светот ќе станат возбудени од тоа што имаме да го понудиме – објасни шон брачес, комерцијалниот шеф на тркачката серија.

Првиот фестивал беше одржан во Лондон во 2017 година, а лани исти такви настани имаше во Шангај, Марсеј, Милано и Мајами.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ