Ф1 екипите цел на хакерски напади

Глобална хакерска мрежа со седиште во Индија со користење на таканаречена phishing технологија пристапила до серверите за електронска пошта и социјалниет мрежи на компании и физички лица, меѓу кои и Формула 1 екипи и нивниот персонал.

Хакерите познати под името WhiteInt имаат седиште во предградие на индискиот технолошки град Гуруграм и имале за цел над 100 жртви, во име на приватни инвеститори чии услуги користат големи адвокатски канцеларии во Лондон.

Истрагата која ја спровела The Sunday Times и the Bureau of Investigative Journalism тврди дека хакерите кои тоа го прават за паричен надомест со користење на одредени техники добиле пристап во сандачињата за електронска пошта и акаунтите на социјалните мрежи на жртвите.

Формул 1 екипи и нивни персонал се помеѓу засегнатите вклучително и главниот стратег на Алфа Ромео, Рут Бускомб и тимскиот шеф на Астон Мартин, Отмар Шафнаур. Хакерите имале информации и од високо позиционирани членови во Британскиот парлемтн, Претседателот на Швајцарија, критичари на Катар и политичкиот аналитичар на ББЦ, Крис Масон.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ