Ф1 планира седум фестивали догодина

Комерцијалниот шеф на Формула 1, Шон Брачес, откри дека спортот планира да организира барем 7 фестивали следната година, одкако почнаа во 2017 година со еден во Лондон, а сезнава треба да има вкупно четири. Шангај, Марсеј и Милан веќе ги видова болидите годинава, додека во пресрет на Големата награда на Америка, Формула 1 ќе гостува и во Мајами.

Направивме четири фестивали годинава, а за следната се планирани минимум седум и мислам дека тој број коснтантно ќе расне.

Потрошивме многу време барајќи стратешки пазари каде сметаме дека ќе можеме да ги вклучиме фановите, ќе имаме деловни интересни и нашите промотери и спонзори ќе имаат исто така корист. Најдовме дека најдобар аспект на промоците се возењето со болидите и како што одиме напред така ќе има повеќе од тоа.

Најдобар начин да ги вклучиме фановите е во центрите каде тие жиееат како можеме да ги изненадиме и воодушевиме и каде може да уживаат, да ја допрат и помирисаат атмосферата на спортот – смета Брачес.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ