Ф1 признава дека има проблеми во Мајами

Либерти Медиа неодамна постигна договор со организаторите и промотерите во Мајами за одржување на Формула 1 трката во најголемиот град во Флорида уште од 2021 година, настан кој би требало да се одржува околу НФЛ стадионот на Мајами Долфинс, грандиозниот Хард Рок Стадион.

Неделава состанок одржал Советот на Мајами Гарденс Сити, областа каде треба да се вози трката, настан на кој адвокатот кој ја претставува организацијата на Формула 1 трката го претставувал проектот пред жителите, нешто што наишло на негативни реакции.

Според весникот Bradenton Herald, локалното население потпишало документ против организацијата на трката противејќи се на истата поради зголемената бучава и големото загадување.

има време кога треба цврсто да застанете против нешто што верувате дека не е во ред – изјави советник во областа.

И Формула 1 признаа дека се соочуваат со проблеми во пресрет на организацијата на трката.

за жал, групите локално население се обидуаат да го блокираат организирањето на трка во мајами. ако сакате да видите формула 1 трка околу хард рок стадионот, тоа кажете им го на советениците во Мајами-Дејд областа – напишаа од формула 1.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ