Ф1 сака поголемо разбирање на КОВИД-19 пред трка во Мајами

Од Формула 1 сакаат поголемо и подолгорочно разбирање на КОВИД-19 ситуацијата пред потенцијална трка во Мајами да се приклучи на календарот.

Либерти Медиа одвај чекаат да додадат втора трка во САД, покрај таа во Остин, Тексас, а Мајами е одреден како пожелна локација. Настанот требаше да се одржи за прв пат во 2019 година, но беше одложен за една година, пред да биде целосно откажан. Новиот предлог е за трка околу стадионот Хард Рок во сопственост на Мајами Долфинс, а Мај 2021 година е предложен како датум за трката.

Со Мајами сеуште сме во активна комуникација. Имавме разговор со лидерскиот тим на НФЛ пред неколку недели. Одлучивме дека проблемите со вирусот e на прво место и несигурноста значат дека е подобро да се движиме полека со цел да имаме поголема видливост на што ќе се случи.

Мислам дека сме возбудени за можноста во Мајами, но сметавме дека треба да бидеме уверени во плановите. Имаме добро чувство за следната година, најмногу дискутиравме за првичните трки, сите сметаат дека ќе имаат присутни фанови, така што има одличен ентузијазам, но сепак и несигурност.

Неколку трки сакаме да ги промовираме на правилен начин и затоа ќе се движиме полека, зависно дали ќе има вакцина, третмани или тестови – изјави Чејс Кери.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ