Ф1 сеуште цели на 15 – 18 трки

Чејс Кери останува оптимист и посветен да обезбеди 15-18 трки оваа Формула 1 сезона, но ситуацијата во Северна и Јужна Америка ги пореметува неговите планови.

Спортот се враќа на тркачките патеки викендов, четири месеци откако беше откажана првата трка во Австралија, само неколку часови пред да поне првата сесија. До сега се потврдени само првите 8 трки кои ќе се возат на 6 патеки во Европа, односно календар до средината на Септември. За остатокот од сезона, Чејс сака финална потврда пред официјална објава.

следните неколку недели официјално ќе потврдиме уште неколку трки од календаор, идеално ќе биде да можеме да го потврдиме целиот втор дел од сезоната. има трки кои во моментов знаеме дека ќе се возат, но не сакам да ги именувам, туку сакам да имаме официјална потврда од сите пред да објавиме.

најавивме 15-18 трки годианва и сеуште таква е елта. во моментов имаме доста трки со кои сме договорени околу организацијата, единствено датумот не е целосно потврден. доста патеки и напредуваат во својата ситуација, состојбата драстично се менува, но онакви буквано “висат“ – потврди кери.

Најголем предизвик за спортот во вториот дел од сезоната се прекуокеанските трки во Бразил, Мексико и САД каде пандемијата се шири со забрзано темпо.

кога ќе ги погледнете америка, мексико и бразил во моментов имаат многу повисоко ниво на инфицирани одошто во другите места, така што секојдневно контактираме со нив да дознаеме што е возможно, а што не.

реалноста е дека треба да знаеме дали можеме д се тркаме таму, дали ќе има било какви рестрикции кои ќе го ограничат нашето функционирање како и дали постои можност за фанови на патеката.

голем предизвик во календарот е ноември, иако истиот е за четири месеци. мораме да планираме пред време и ќе мораме во одреден момент да донесеме одлука – заврши чејс.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ