Ф1 се откажува од Африка, Спа останува

Политичките проблеми ги запреа плановите за враќање на афричката трка на календарот во Ф1. 

Враќањето на Кјалами ќе беше за прв пат од 1993 година но сепак по се изгледа тоа нема да се случи. 

Разговорите помеѓу Ф1 и промотерот Ворен Шектер пропаднале поради финансиски детали. 

Новиот промотер 777 кој е спортска инвестициска компанија од Мајами и која е позната по инвестиции во фудбалот ја промовира трката 9 часа Кјалами се надеваше дека ќе ја врати Кјалами и на Ф1 календарот. 

Но сега веќе се чини дека тоа нема да се случи поради политички причини бидејќи Јужна Африка е блиска со Русија. 

Од Ф1 не ги коментираат гласините но одлуката ќе влијае на останувањето на Спа на календарот уште најмалку една година. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ