Дали Спа ќе остане во календарот поради неуспешните преговори со Јужна Африка ?

Формула 1 настојуваше многу скоро да се врати во Јужна Африка односно автодромот Киалами, но преговорите пропаднале минатата недела што може да биде позитивен знак за Белгија и останување на Спа Франкошамп во календарот.

Преговорите кои се водеа помеѓу претставници од Формула 1, локалните промотери на трка и сопствениците на патеката пропаднале минатата недела откако Либерти Медиа веќе некое време покажуваат голема решителност да го вратат спортот во Африка. Откако се случил застојот, следна цел е да се донесе трката во календарот во 2024 година што и било пренесено на промотерите од South African Grand Prix (Pty) Ltd, компанија на чие чело е Ворен Шектер, внукот на Формула 1 првакот од 1979 година, Џоди, кој е Претседател на истата компанија.

Одлуката значи многу за Белгија затоа што се чини дека земјата ќе добие дозвола да организира трка и догодина откако беше под закана дека овогодинешното Гранд При ќе биде последно за нив. Исто така во комбинација е и ротациска трка на Белгија со Франција така што легендарната патека секоја втора година би била дел од календрот.

Се очекува многу скоро да се соопшти дека Белгиското Гранд При останува во каледнарот следната година како врзана трка по Британското Гранд При на почетокот на Јули или Унгарското Гранд При на крајот на истиот месец.

Проблемот со овогодиншна организација на Голема награда на Јужна Африка било немањето на метеријална поддршка од Владата на земјата преку Оддело на Туризам на земјата кој сакал да помогне преку туристичка промоција, но не и преку издавање на гаранции.

Најбогатиот човек во Јужна Африка, милијардерот Патрис Монтсепе, Претседател на Африканската Фудбалска Федерација, имал состаноци со промотерите за да го финансира настанот врз база на заем, но компанијата била финансиски нестабилна за да го плати наемот на патеката.

Тоби Вентер, човекот чиј семеет траст ја контролира патеката во Кијалами, посочи дека тие поддржуваат Гранд При трка таму, но не по секоја цена откако потврди дека секој претходен промотер на таков настан имал финансиски проблеми и одел во стечај.

Јужно Африканската Моторспорт Федерација како и локалната канцеларија на ФИА биле сомничави поради кусиот рок во кој се требало да биде договорено во земјата која повеќе од 30 години нема Формула 1 трка, а Претседателот на Федерацијата, Антон Ру, бил присутен на Австриското Гранд При во Јули на преговори со челниците на спортот.

Уште еден камен на сопнување е фактот што Кијалами бара инвестиции од минимум 15 милиони евра за да добие највисока оценка од ФИА потребна за Гранд При трка, а кусиот рок за работа поради фактот што таргетиран бил Април за настанот, придонел промотерите да се откажат од идејата.

За Гранд При трка во Афика наводно била заинтересирана уште една страна, конзорциум на чело со американската инвестициска компанија 777 кои веќе имале контакти и состаноци со Формула 1 во Лондон.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ