Шектер: Алчноста не дозволи Ф1 во Африка

Светскиот Ф1 првак од 1979 година, Џоди Шектер, смета дека алчноста довела до тоа Јужна Африка да не може да се врати на календарот во иднина.

Луис Хамилтон често зборуваше дека спортот треба да се врати на “црниот континент“, а истото го сака и актуелниот првак, Макс Верстапен.

Последното Африканско Гранд При беше на Кијалами во Јужна Африка, предградиа на Јоханесбург, најголемиот град во државата, а последната трка таму се случи во 1993 година.

Внукот на Џоди Шектер, Ворен, беше во сржта на преговорите за враќање на Кијалами во календарот, преговори кои својот зенит го постигнаа минатото лето.

бев дел од преговорите, а мојот внук работеше на отј проект цели 6 години и дојде многу блиску до трка. претставници од формула 1 дојдоа да потишеме договор, имаа поддршка од владата и некои од најбогатите луѓе во земјата, се беше на место, но човекот од кијалами едноставно беше претерано алчен и себичен.

тој ја подигна цената од 500 илјади долари на 2 милиони долари и сакаше да земе се за себе, а штом го чуја тоа од ф1, веднаш си заминаа и се се распадна. владата сфати дека имало борба и недоразбирање и се повлече и тоа беше дефинитивно крајот – појасни шектер.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ