Јужна Африкa во конкуренција за трка уште следната година

Формула 1 може многу скоро да го врати Јужно Африканското Гранд При, уште следната година, доколку успешно завршат преговорите со шефовите и организаторите на автодромот Киалами.

Земјата последната трка на патеката ја организираше во 1993 година, а трки имаа од 1967 до 1985 година, пред да се вратат во 1992 година по крајот на аперхејдот. Како дел од напорите на Формула 1 да биде присутна сите континенти за вистински светски шампионат, во тек се преговори за потенцијално враќање во Јужна Африка.

Главниот извршен директор на Формула 1, Стефано Доменикали, од Азербејџан отпатувал директно за Јужна Африка на средба со шефовите и организаторите на Киалами за да разговараат за оживување на настанот. Иако 2024 година најчесто се споменуваше како година во која трката веројатно ќе се врати календарот, се поизвесно е дека спортот планира трка во земјата уште следната година.

Катар веќе е потврден следанта година и треба да одработи 10-годишен договор во Формула 1, а и Лаг Вегас ќе бде нов настан кој ќе има премиера во Ноември следната година. Кина исто така треба да се врати во календарот по тригодишна пауза поради пандемијата.

Од актуелните 22 трки за оваа година, се чини дека Франција ќе биде исфрлена од календарот, а се понеизвесна е и судбината на Белгија. Седумкратниот првак, Луис Хамилтон, е најгласен во барањето и желбата за враќање на спортот на “црниот континент“.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ