Ф1 се поблиску до Рио, но екологистите се загрижени

Преселбата на Големата награда на Бразил во Рио де Женеиро е се поизвесна откако Чејс Кери потврди дека склучил договор со организаторите кои стојат позади настанот, иако градбата на предложената патека сеуште е во фаза на план и има жестока опозиција од екологистите загрижени за животната средина.

Кери разговара со инвеститорите и промотерите во Рио веќе некое време околу патеката која треба да се изгради во Деодоро квартот на градот кој порано бил воена база и бил домаќин на некои настани од Олимписките игри во 2016 година. Предлогот е патеката да биде лоцирана во Камбоата шумата, така што изградбата би значела уништување и сечење на илјадници дрва.

Во писмо од 14 Септември кое Чејс Кери го испратил до актуелниот гувернер на Рио, Клаудио Кастро, тој потврдува дека договор со промотерите за организација на трката е потпишан, така што се чека дозвола од гувернерот да почнат градежните работи за изградба на автодромот.

ви пишувам за да ви дадм најнови вести дека ги финализиравме договорите за трка со Rio Motorsports LLC кои треба да организираат и промовираат формула 1 настан во рио де женеиро.

овие договори се подготвени да бидат испочитувани од формула 1 штом сите неопходни дозволи од релевантните власти се добиени – напишал кери.

Државниот Институт за животна средина (INEA) сеуште го подготвува своето мислење во врска со влијанието на градбата на патеката врз животната средина и штом тоа ќе биде завршено ќе биде поднесено до Јавниот обвинител и Државната комисија за контрола на животната средина (СЕСА).

Загубата на последнат голема шума на градот собра голема опозиција на трката и многу потпишани петиции од кои онаа на Твитер е позната по хаштагот #BrazilSaysNoToDeforestation.

Писмото на Кери не укажува дека трката ќе се одржува во Деодоро областа од Рио, така што организацијата сеуште може да најде алтернативни места за својо автодром.

Мометалниот договор за организација на Бразилското Гранд При на Интерлагос истече оваа година во екот на очајно лошиот однос на промотерот од Сао Паоло и Формула 1. По купувањето на спортот, американците од Либерти Медиа увиделе дека Бразил е ослободен од плаќање на котизација за организација на настанот, нешто што Берни Еклстон им го овозможил.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ