Ф1 со ограничена брзина при двојно жолто знаме

Формула 1 возачите ќе се соочат со поголеми ограничувања на брзината при развеано двојно жолто знаме зад безбедносно возило за време на Гранд При трката во Монако викендо.

Како дел од напорите на ФИА да ја подобри безбедноста, возачите ќе треба да возат побавно во зоните на двојно развеано жолто знаме зад безбедносно возило или виртуелно безбедносно возило. Претходно единствено беше потребно тие значително да ја намалат брзината на таквите места, да не претекнуваат и да бидат подготени да променат насока на движење или да сопрат, додека квалификациските кругови при двојно жолто знаме беа бришени.

Почнувајќи од трката викендов, возачите ќе мора да ја ограничат својата брзина во зона на двојно жолто знаме, така што безбедноста ќе се зголеми, а нема ни теоретски шанси да се постигне конкурентно време. Техничкиот директор на ФИА, Тим Гос, верува дека со воведување на соодветно ограничување на брзината

она што сакаме да го направиме е да им понудиме дополнителна безбедност на возачите и да ги направиме трките уште побезбедни.

веќе неколку години при безбедносно возило или виртуелно безбедносно возило се користа делта времиња, референтно време во одреден сектор кое не смее да се надмине и мора да се следи минувањето на управувачот за да се задржи позитивна вредност, односно да се вози побавно од тоа делта време.

сепак, имаше и прилики кога болидите возеа и побрзо од референтното време, но забавуваа на следното за да го упросечат кругот. сакаме сега да ја засилиме таа контроал и делта концептот за да се осигураме дека болидите строго ќе следат пропишана брзина при такви опасни ситуации и воведуваме референтна брзина која мора да се одржува.

Возачите ќе добијат визуели и гласовни известувања за двојно жолто знаме за да не бидат изненадени и да бидат подготени за заават до одредена брзина, а на почетокот на зоната на двојно жолто знаме, делта времињата ќе се ресетираат на нула.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ