Ф1 ТВ Про преку Амазон Прајм

Ф1 ТВ Про ќе може да се следи преку Амазон Прајм сервисот каде претплатниците ќе може да добијат пристап до стриминг сервисот на Формула 1 доколку се лцирани на територии каде Про сервисот може да се следи.

Скај има ексклузивни Формула 1 права за Велика Британија така што Ф1 ТВ таму не е достапно, но паралелно со преносите на ЕСПН, Ф1 ТВ може да се следи во Соединетите Американски Држави што е база на Амазон.

Формула 1 и Амазон стануваат многу блиски компании во последно време откако Гранд При возач, документарен филм за Мекларен беше прикажан ексклузивно на Амазон Прајм членовите.

Има смисла за нас да бидеме присутни на Амазон Прајм затоа што тоа е отворена платформа, а ние сме во преговори со нив за идна дистрибуција на нашите материјали таму. Во Америка имаме договор со ЕСПН кој ни дозволува да го користиме нашиот стриминг сервис одделно така што тоа дефинитивно ќе почнеме да го правиме преку амазон Прајм.

Сакаме да станеме еден од најпаметните канали на Амазон Прајм платформата. Ф1 ТВ е дел од начинот на кој градиме директен однос со нашите фанови затоа што тоа е во согласност со нашите промотери и телевизиски партнери.

Гледаме на Ф1 ТВ како на независен извор на приходи надвор од нашите телевизиски партнери – објаснуваат од маркетигн одделот на Формула 1.

Почетокот на Ф1 ТВ Про беше направено за време на Шпанското Гранд При и истото беше проследено со проблеми што ги натера Либерти Медиа да го корегираат својот сервис и да ги обештетат оние кои веќе платиле.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ