Ф1 за плановите со Амазон

Одговорните за медиумски права во Формула 1 открија дека се во редовен контакт со Амазон околу потенцијалните телевизиски права преку стриминг сервисот на американскиот гигант.

Financial Times во Декември тврдеше дека Формула 1 е во напредна фаза од преговорите со Амазон околу стримување на трките од серијата уште оваа година преку Amazon Web Services откако американската компанија од скоро почна со преноси од англиската фудбалска Премиер лига како и НФЛ.

На прес конференцијата, одговорниот за медиумски права на спортот, Иан Холмс, откри дека редовно контактираат со Амазон, но појасни и како планираат да ја почнат соработката и да го нправат Ф1 ТВ возможен преку Амазон.

неколку пати имавме состаноци со нив во однос на две отворени теми. можеби ви е познат сервис кој се вика Amazon Channels каде го има нивниот Amazon Prime каде се гледа содржината за која ќе платите како спортови и многу други работи.

таму е целокупниот материјал на амазон, понекогаш и цели канали, а ние разговараме со нив на два фронта. сакаме посебно да им ги продадеме правата за нашите трки како и на било која медиумска компанија, но разговараме и за посебен договор согласно кој ќе можеме ф1 тв да го сместиме кај нив.

Премиум верзијата на Ф1 ТВ е достапна во 85 земји оваа година со вклучување на Бразил, Словачка и Чешка. Холмс откри дека на некои пазари биле во можност да ги спојат продадените теелвизиски права заедно со сервисот, а тоа може да биде случајот и со Амазон.

може да имаме договор според кој ќе ги купат нашите права, а ние ќе го поставиме ф1 тв на нивните канали. тие не се поразлични од било кој оператор кој нуди платена содржина во однос на купувањето на ексклузивните права.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ