Ф1 ќе дозволи ДРС на закосената кривина во Зандворт во Петок

Од Формула 1 ќе одат на Зандворт да видат дали е можно користење на ДРС на закосената кривина на трката за Големата награда на Холандија претстојниот викенд. 

Поради зголемената популарност на Макс Верстапен, Формула 1 се врати во Зандворт за прв пат по 1985 година минатата година и организираа феноменален настан. Оригинално, втората ДРС зона на Зандворт е планирано пред десниот свиок со полна гас за да се зголемат можностите на главниот правец, но од безбедносни причини ФИА одличи да ја скрати зоната за минатогодишното издание на трката

Во моментов има ДРС зона пред последниот свиок за да се подобри престасувањето на Зандворт, Но ќе побараме мислење од тимовите дали да ја зголемиме зоната. Не сакаме да ја ризикуваме безбедноста и ќе го промениме тоа после првиот тренинг – изјави Николас Томбазис од ФИА. 

Марио Исола од Пирели изјави дека ќе треба да се промени притисокот на гумите, но сепак таа ДРС зона ќе донесе поголема деградација. 

Најчесто отворен ДРС значи пренос на притисокот врз предните тркала, Но треба да ги видиме податоците дали пролизгуваат задните тркала. Доколку е жежок асфалтот, ќе биде потешко да се процени. 

Исола очекува недостатокот на грип на Ц1 гумите споредено со медиум и софт во текот на трката да донесе трка со две застанувања. 

Се надеваме дека изборот за Зандворт ќе донесе повеќе акција и престасувања. Очекуваме разликата помеѓу Ц1 и Ц2 да е поголема од Ц2 со Ц3.

На краток круг како Зандворт кој е сличен со Будимпешта, хард гумите нема да се вистински избори ќе се фокусираат тимовите на медиум и софт. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ