Ф1 ќе експериментира со ДРС на спринтовите догодина

Формула 1 ќе експериментира со системот за намалување на отпорот (ДРС) на спринт  трките догодина, односно ќе дозволи порано отварање на истиот за да се дозволи гридот повеќе да се збие.

Откако системот ДРС кој служи за олеснување на претекнувањето беше воведен во 2011 година, истиот е дозволено да се активира два круга по стартот или повлекувањето на безбедносното возило затоа што се сметаше дека дозвола за ДРС при самиот почеток додека болидите се многу блиску едни до други ќе донесе хаос.

Но, често се случуваше возачите да се одлепат повеќе од секунда во однос на тие зад нив во текот на тие два круга без ДРС, а спортот се повеќе притиска за спектакл, блиска трка и борба.

За време на состанокот на Формула 1 Комисијата во Абу Даби во Петок, беше договорено да се дозволи експериментирање на неколку спринт трки следната година. Шесте саботни куси трки ќе имаат можност за активирање на ДРС по самиот старт или веднаш по повлекувањето на безбедносното возило и повеќе нема да се чека на два кругови пред истото. Сите други аспекти во врска со ДРС и правилата кои ќе го регулираат ќе останат исти, како на пример можноста за користење доколку возачите се секунда еден од друг.

Доколку експериментот догодина се покаже успешен во подобрување на шоуто без притоа да се предизвикаат било какви проблемо, можеме да очекување толку рано користење на ДРС и на Гранд При трките уште од 2024 година.

Формула 1 долго време сака д асе ослободи од ДРС и да направи болиди кои сами од себе и со користење на заветрина од болидот напред ќе може лесно да се претекнуваат, но се чини дека сме далеку од тоа и ДРС се повеќе се користи.

Во врска со спринт трките, догодовено е поинаква структура на плаќање за евентуална штета со која некој тим би се соочил за време на кусата трка. Наместо екипите да ги бараат парите од направените поправки, ќе им биде дозволено фиксен годишен износ што значи дека за секој спринт тие ќе имаат дополнителни 300 илјади долари, наместо сегашните 150 илјади долари. Трошоците кои ги бараат од Формула 1 по направена штета во моментов нема да се предмет на побарување догодина.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ