Ф1 ќе продава сувенири по неуспешен концепт од НАСКАР

Формула 1 планира да го поднови искуството на купување сувенири од страна на фановите, применувајќи ги таканаречените “шатори за сувенири“, концепт кој не се покажа во најдобро светло во НАСКАР.

Во 2015 година, НАСКАР објави 10 годишен договор со експертите за сувенири и комерцијални производи, Fanatics, кои пак ќе работат на проектот за Ф1, да им помогнат во подобрувањето на продажбата на сувенири покрај патеката.

Клучно во идејата е поставувањето на големи шатори кои ќе бидат централна локација за производите на сите тимови и возачи. Но иако идејата звучеше како веродостојна на хартија, искуството не се подобри и во 2017 година НАСКАР се врати на традиционалните начини кои беа популарни низ годините.

Ф1 сепак е посветена на оваа идеја и има амбициозни планови истата да стане центар за продажба на комерцијалните производи во 2018 година.

Шон Брачес, комерцијалниот шеф на Ф1, не смета дека малите продажни места (киосци) се правилниот начин за Гранд При тркањето и верува дека Fanatics може да испорачаат искуство кое ќе им се допадне на фановите.

Не верувам дека ќе се вратиме на стариот начин од 1970-тите каде што ќе се потпрете на маса и ќе кажете “го сакам тоа“. Ги инволвиравме Fanatics, кои се лидери на пазарот во оваа област и имаат големо познавање од спортски настани и како производ треба да се промовира и продава.

Следната година ќе имаме одлично искуство со огромен шатор. Ќе имате можност да земете производ, да го пробате, да застанете позади една од 15-20 каси, или пак ако сакате да си го испратите дома, преку нашиот партнер DHL – вели Брачес.

Тој сугерира дека шаторот со производи ќе продава исти од сите тимови и возачи, како и официјално брендирани производи на Формула 1 за секоја индивидуална Гранд При трка.

Сметам дека ова е искуство кое фановите го бараат и на кое одвај чекаат. Направивме големо истражување на секоја трка кое го поткрепува нашиот став.

Ако погледнете кон НАСКАР во однос на процентот на продажба на нивните производи, 5% од истите се сопственост на НАСКАР, додека 30% се индивидуално брендирани од локацијата/патеката, а 65% се производи на тим или возач.

Мислам дека со нашиот Ф1 бренд ќе можеме да имаме подобри проценти, но процентот на продадени производи на возачи и тимови сеуште ќе биде доминантен. Сакаме да им овозможиме подобра платформа за промоција на нивните брендови и нивните производи, која ќе доведе до зголемени приходи – додаде Брачес.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ