Хаас во дилема како да ги надоместат пониските приходи

Тимскиот шеф на Хаас, италијанецот Гунтер Стаинер, призна дека ќе има голем проблем да го надомести кусокот од наградниот фонд кој ќе биде понизок поради полошиот пласман на американската екипа сезонава.

Лани Хаас беа на 5то место во поредокот, веднаш зад фабричката екипа на Рено, но сезонава паднаа во поредокот и во моментов се на 9то место само зад очајни лошите Вилијамс, најлош резултат за нив од влезот во Формула 1.

како и секогаш, ако загубите многу пари како ние сезонава, секогаш мора многу да размислите како да потрошите помалку следната година. не се работи за егзистенцијален проблем, но не дека не е важно. треба да менаџираме како да имаме исти резултати со помалку пари, тоа е јасно – смета стаинер.

Со цел да успеат да дознаат колку што можам повеќе за променот со гумите кои го имаат од почетокот на сезоната, тимот се реши да вози со две различни спецификации во средина од сезоната, Гросжан возеше со аеродинамиката од почетокот на сезоната, додека Магнусен со најновата. Запрашан дали тоа го решило проблемот, Стаинер изјави:

тоа е многу скапа работа и ако не добиете ништо од тоа, значи ви пропаднале парите. мислам дека ние многу научивме од тоа и знаеме што да не направиме следната година и да се осигураме дека болидот за догодина нема да ги има истите проблеми како овогодишниот ВФ19.

барем знаеме што е проблемот, тоа е добар почеток за подобрување, знаењето што треба да се направи и што го причини недостатокот на перформанси.

Дополнителни проблеми годинава на тимот му предизвика и раскинот на договорот со Рич Енерџи, нивниот главен спонзор за сезонава, така што Хаас Аутомејшн, мајката компанија на Формула 1 екипата, трбало да ја пополни дупката во буџетот.

не загубивме пари и среќа што ги имаме хаас аутомејшн како одличен партнер кој секогаш не поддржува и придонесува со финансиите.

инвеститорите во рич енерџи се добри луѓе и не знам “каде тераат“, но ми олесна што нема потреба да се расправаме со нив затоа што здосадува.

кога не напреувате мора да се соочите со проблем зошто е тоа така, зошто не стигнувате до целите, а јас не сакам да се карам со некого само за да правам нешто. кога не може да напредувате, зошто да трошите енергија во расправии.

разочарувачки е како заврши соработката, но повторно ќе кажам дека со инвеститорите во рич енерџи останавме во добар однос и никогаш не се знае што носи иднината.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ