Хаас го потврдија двојното откажување поради сопирачки

Екипата на Хаас потврди дека Роман Гросжан и Кевин Магнусен се откажале во Австрија поради проблем со сопирачките. 

Магнусен стартуваше од 16то место, но во текот на трката имаше се подобри перформанси и во еден момент стигна до 13та позиција. Тој беше надвор од топ 10 во свиокот 3 при дуел со Естебан Окон кога се изврте. Причина за тоа беше откажување на неговите сопирачки, а истото се случи и со Роман Гросжан, кој пак се откажа во 50от круг.

Гунтер Стаинер истакна дека возачите било всушност среќни со болидот и перформансите и смета дека трката била пропуштена шанса.

Очигледно не беше ден каков што посакувавме. Имавме проблем со сопирачките поради презагревање кај двата болида. Поради тоа се откажавме од трката, а имаше можност да освоиме поени, Но не беше случајот денес.

Добрата вест е што возачите се среќни колку што е можно со болидот. Сметаат дека има добри перформанси, така што изгледа дека пропуштивме шанса. Ако работиме напорно, можеме да освоиме поени, така што кон тоа сме фокусирани – вели Стаинер.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ