Хакинен: Лошиот публицитет може да го спречи прекумерното трошење

Двократниот Формула 1 шампион, финецот Мика Хакинен, верува дека негативниот публицитет кој Ред Бул го добиле по прекумерното трошење и пречекорувањето на буџетот минатата година ќе биде доволен за екипите добро да размислат во врска со евентуално прекршрување на тоа правило.

Ред Бул го пречекориле ланскиот максимален буџет од 145 милиони долари за 1,4 милиони долари и тоа им донесе казна од 7 милиони долари, плус намалување на дозволеното време за тестирање. Тимот беше обвинет дека направил мало пречекорување, додека Вилијамс и Астон Мартин направиле технички прекршок.

прво сакам да кажам дека ми е мило оти оваа работа со казната на фиа за претераното трошење на ред бул е завршена и тимот ја прифати вината. со техничките и спортските правила треба да се има јасна одлука и казна, на ример, ако болидот е полесен или возачот вози надвор од патеката, но со финансиските правила секогаш ќе постои таканаречена сива зона.

мислам дека сите прифатија дека има две нивоа на пречекорување на буџетот, мало и големо, а фиа прифати дека трошењето може да биде настанато од различни причини и поради тоа ќе казнува на различен начин. казната за ред бул беше доста значителна, парите се многу повеќе одошто казната во однос на наменелото тестирање, иако беше многу непријатно искуство за екипата.

добро е што никој во иднина нема да сака да ризикува со повторување на нешто такво иако ред бул минаа низ тежок и контроверзен момент. верувам дека формула 1 на долг рок многу ќе искористи затоа што никој нема да сака таков вид на негативен публицитет – смета хакинен.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ