Хакинен ја потенцираше улогата на Њуи во Ред Бул

Доминацијата на Макс Верстапен годинава претставува последен успех на болид дизајниран од легендарниот Адриан Њуи, нешто што Мика Хакинен го потенцираше како најсилно оружје од Милтон Кинс.

Холанѓанецот кој е старо-нов првак победи 12 пати во досегашниот дел од сезоната, последниот триумф дојде во Јапонија каде ја запечати титулата, а следуваше и честитка до дизајнерот Њуи за кого и Мак смета дека е клучен за шампионскиот болид.

Дизајнит ена Њуи победиле на 190 трки и освоиле 10 конструкторски титули со три различни екипи, а седум различни возачи успеале да освојат наслов со негова креација. Мика Хакинен своите две титули во 1998 и 1999 година ги должи на болид креиран од Њуи за Мекларен.

пресреќен сум за техничкиот шеф на тимот, Адриан Њуи. благодарение на неговата работа во мекларен јас имав можност да возам одлични болиди и да ги освојам моите две титули со нив. тој продолжува да победува со ред бул и по сите тие минати години.

њуи реално е најуспешниот дизјнер во формула 1 историјата иако има фантастични дизајнери и инженери кои му помагаат, неговото техничко лидерство е брилијантно.

дури и за време на доминацијата на мерцедес, ред бул останаа конкурентни и неверојатно е да се види како дизајн на адриан ги искористи новите правила за сезонава и освои титула – посочи хакинен.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ