Хед зачуден зошто Вилијамс не преговарале со Шумахер

Многумина се прашуваат зошто Михаел Шумахер не е на листата на познати возачи кои возеле за Вилијамс. 

Поранешниот технички директор на екипата, Патрик Хед, конечно призна дека Вилијамс никогаш не зборувале со Михаел Шумахер да се приклучи на тимот.  Седумкратниот шампион најпрво возеше за Бенетон со кој освои две титули, а подоцна стана дел од Ферари со кој освои уште пет последователни титули. Шумахер на крајот се приклучи на Мерцедес, но не успеа да дојде до поголем успех. 

Всушност никогаш не сме зборувале. Не знам зошто никогаш не разговаравме. Можеби Френк зборувал, но не знам. 

Хед се сеќава дека имал само еден краток разговор со германецот за време на славењето на некоја титула. 

Се сеќавам дека имав краток разговор со Михаел во јапонија кога ја освои титулата. Во тоа време имавме малку претерано со виски и не беше официјален разговор. 

Хед никогаш не работел со Шумахер, но ја почитува неговиот натпреварувачки дух како возач. 

Михаел беше неверојатен возач. Тој го зближи секој тим околу себе и беше неверојатен натпреварувач. Доколку го видите начинот на кој го паркираше болидот по квалификациите во Монако ќе видите дека е неверојатен натпреварувач. Го почитувам многу.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ