Херберт ги предупреди овогодинешните дебитанти

Поранешниот Формула 1 возач, а сегашен коментатор и аналитичар, Џони Херберти, ги предупреди овогодинешните дебитанти во спортот дека се очекува перформанси уште од првата трка од нив.

Оскар Пиастри во Мекларен и Логан Сарџент во Вилијамс ќе имаат свое прво појавување на Формула 1 трка, додека Ник де Врис има само една трка за Вилијамс лани.

Австралијанецот Пиастри влегува во Формула 1 со огромни очекувања од себе по контроверзиите со неговиот договор лани, како и по Формула 2 титулата од 2021 година.

резултати и перформанси од дебитантите мора веднаш да има затоа што во спротивно почнуваат експресно критиките, а тоа влијае на се што ќе се случува во кокпитот.

ник е возач кој секогаш многу брзо се снаоѓа што и да му дадете да вози, а слично е и со пиастри кој има се што е потребоно да вози ф1 болид.

проблемот е што не се соочиле со вакви различни ситуации кога некој како пиер гасли експресно доби шанса во ред бул со огромен притисок над себе и мораше да се справува со ситуации кои не му беа познати, а не можеше. имаше пеколно брз и прилагоден колега и штом ќе помислеше дека има одличен круг, веднаш неговиот колега беше повеќе од секунда пред него. некои луѓе можат да се носат со таков притисок, други не – објасни херберт.

Во 2018 година Шарл Леклер стана дел од спортот, а една година потоа и Алекс Албон, Ландо Норис и Џорџ Расел, по што следуваше сушен период. По таа генерација, возачи доаѓаа во спорто, но не успеваа да се снајдат, како на пример Мик Шумахер кој го загуби своето место во Хаас по две години со тимот.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ