Херберт: ФИА не треба да дозволи зголемен буџет

Џони Херберт побара од ФИА цврсто да стои на својот став за ограничено трошење и покрај тоа што поради зголемената инфлација, екипите бараат можност да потрошат повеќе пари.

Од ланските 145 милиони долари по сезона, овогоднешните буџети се намалени на 140 милиони долари, а следната година ќе биадт дополнителни 5 милиони долари пониско. Некои екипи веќе бараат зголемување поради инфлацијата и особено зголемената цена на горивата што неколкукратно им го поскапува неопходниот транспорт.

Ферари, Ред Бул и Мерцедес како најбогати и најмоќни екипи секако дека се за таквото зголемување, но најмалите цврсто стојат на ставот дека буџетит мора да останат непроменети. Во својата изјава за британски Скај, Џони Херберт појасни дека трката по засилен развој донела екипите да дојдат на самиот раб на дозволениот буџет.

поентата беше да се изедначи падокот и да се намалт енормните трошоци во спортот, но тоа се прави за период од неколку години. проблемот е кога сакате да ги развиете овие болиди, тука е големиот трошок и почнувате многу брзо да се приближите кон границата на буџетот. трошите многу повеќе од планот и нема да ви стигне буџетот на крајот на годината.

секако ако се најдете во таква ситуација ќе се обидете да притиснете и да побарата повеќе дозволени пари со образложение дека нема да може да ја завршите сезоанта со предвидените средства – посочи херберт.

Оние кои се за задржување на сегашние буџети веруваат дека финансиската ситуација може сеуште да се менаџира со паметно трошење. Фредерик Васур посочи дека екипите треба да намалат со развојот и вртоглавото трошење во воздушните тунели за да заштедат, а Гунтер Стаинер посочи дека неговиот Хаас нема да биде помеѓу оние кои ќе снемаат пари.

по мене, годинава е трка за подобро менаџирање на парите. има многу екипи, како на пример мекларен, кои нема да стигнат до лимитот од 140 милиони долари, туку ќе потрошат помалку од границата, веројатно ќе успеат со 125-130 милиони долари.

од почетокот сите знаеја дека границата се 140 милиони долари и дека мора да се контролира целокупниот развој во текот на сезоната за да се успее со тие пари. тоа е добро и не смее да се менува на средина од сезоната.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ