Хил бара промени во спринтот

Поранешниот Формула 1 шампион, Дејмон Хил потенцираше дека некои работи треба да се променат во спринт викендот за да се зголеми забавата. 

Пред овој викенд во Баку беа направени промени во спринт форматот и сега има две квалификациски сесии и еден тренинг за да се зголеми забавата на квалииакциите. Покрај тоа има и нови парк ферме правила. 

Мислам дека треба да биде дозволено да се прават промени, но целата работа треба да биде поинтересна бидејќи мора да се најдат перформанси.

Доколку може да се направи болидот да биде подобар во недела тоа би било поинтересно. Можеби би било поинтересно доколку се каже дека по квалификациите, може да се работи на болидите. 

Уште една загриженост се појави поради тоа што осум возачи ќе освојат поени, а останатите ризикуваат и повеќе не се одлучува стартниот грид на тој начин.

Мислиам дека е фрустрирачки за инженерите бидејќи има само еден тренинг и доколку имате проблем не може лесно да го решите – додаде Наоми Шиф. 

Доколку некој тим има лош ден и падне надвор од топ 10 тогаш што е поентата. Доколку нема поени за нив, тоа е само непотребен ризик. Но доколку имаат шанса да се подобар тогаш ќе биде интересно за сите. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ