Хил не смета дека ФИА требала да го “шутне“ Маси

Поранешниот Формула 1 шампион, Дејмон Хил, не смета дека ФИА требала да го отстрани Мајкл Маси од функцијата директор за трка и застана на страната на австраијанецот.

Дел од падокот смета дека одлуките на Маси на Гранд При трктата во Абу Даби што беше финале од сезоната биле контроверзни, најгласни во тоа секако дека беа Мерцедес и Хамилтон кои загубија титула, така што Федерацијата на крајот реши да го отстрани Маси од својата функција и да го промени начинот на судење на трките.

сметам дека не беше неопходно да се жртвува маси. лично сметам дека се оглед на ситуацијата, структурата и работата која требаше да се заврши, беше очекувано да се судри со проблем од таков вид – смета британецот.

Дејмон продолжи дека тензијата и притисокот од Ред Бул и Мерцедес донеле таков развој на настаните на Јас Марина.

не велам дека тоа што се случи беше исправно, но сметам дека беше јасно во текот на сезоната дека одлуките кои се носат се збунувачки и требаше да се промени нешто, а притисокот од шефовите на екипите беше огромен и непотребен. секако дека притисокот што целиот разговор се пренесува во живо беше уште поголем.

за да се поправи тоа, немаше потреба да се отстранува мајкл, туку да се каже дека токму поради тоа, тој ќе продолжи. не сум задоволен од фиа со тој потег.

Во врска со тоа дали исходот на трката и победата на Верстапен кој значеше победа и титула била фер, Хил смета дека ќе биде вечна дилема.

макс верстапен и луис хамилтон приредија фантастично шоу за сите нас лани и сите се тркаа машки. имавме одлични настани и штета што финалето беше контроверзно.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ