Хил: Притисокот го стигна Шумахер на крајот

Светскиот првак од 1996 година, Дејмон Хил, верува дека Мик Шумахер не успеал соодветно да соочи со притисокот кој го носи Гранд При тркањето.

Германецот го загуби своето место во Хаас за следната сезона откако американците одбраа да го заменат со Нико Хулкенберг. Поради тоа што нема повеќе слободни места на гридот, германецот ќе мора да паузира една сезона, а најверојатно ќе потпише да биде резерва во Мерцедес откако Ник де Врис замина за АлфаТаури.

Хил смета дека Шумахер не успеал да го извади најдоброто од себе и да се прилагоди соодветно на Формула 1. Тој имаше тешка втора сезона во тимот со неколку судари и инциденти од кои најголеми беа оние на Џеда, во Монако и Сузука, а своите први поени ги освои дури на Силверстон пред да дојде до 6то место во Австрија.

мик беше под огромен притисок и на крајот не успеа да се носи со истиот. не знам од каде добива совети, но мислам дека формула 1 беше потешка одошто тој мислеше. има некои работи кои само со искуство може да се пребродат, а нико го има тоа искуство.

нико сега ќе се концентрира само на испорачување резултати и перформанси за тимот, а на хаас им треба некој кого нема да го штитат и ќе може да се носи со притисокот – смета хил.

Нико е ветеран со 181 трка зад себе, а последно редовно Формула 1 место му бепе во 2019 година. Минатите две години менуваше во Рејсинг Поинт односно Астон Мартин возачи кои беа позитивни на Ковид-19. Возше на местото на Чеко Перез на двојната програма во Силверстон во 2020 година пред да го менува Ленс Строл на Нирбургринг. Годинава одработи за Себастијан Ветел во Бахреин и на Џеда.

неколку пати се враќаш во спортот и беше имрпесивен со оглед на тоа колку време немаше возено. мислам дека штом направите пауза е многу тешко да се вратите целосно во форма, но секако дека притисокот нема да му смета како на мик.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ