Холандија нема шанса за втора трка

Принц Бернард ван Оранје, сопственикот на автодромот Зандворт, тврди дека промотерите во Холандија треба да се откажат од идејата да организираат втора трка во земјата.

Тој призна дека целата фама околу актуелниот првак, холанѓанецот Верстапен е толку голема што промотери размислуваат за втор настан во земјата во Формула 1 календарот, а најмногу се шпекулира за Асен.

никогаш не сме имале толкав талент во холандија. очигледно првата трка мина фантастично и буквално сме репер за останатите патеки – посочи членот на холандското кралско семејство за Formule 1.

Но, тој не смета дека останатите промотери од земјата имаат шанса за Гранд При трка.

формула 1 е со нас и имаме еклсузивен договор кој го потпишавме. ако престанеме со организација, може да се јави како организатор кој сака, но во моментов сме фокусирани на нашата трка.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ