Шефовите на Зандворт сеуште се надеваат на ДРС на накосениот свиок

Шефовите на трката во Холандија сеуште се надеваат дека ФИА ќе им дозволи да се користи ДРС на накосениот свиок. 

На обновената патека Зандворт, Формула 1 се враќа за прв пат од 1985 година и беше направен посебен накосен свиок наречен Арие Лујендук. Свиокот има накосеност од 18 степени и според симулациите на ФИА и Формула 1, требаше да се дозволи возење со отворен ДРС, но сепак тоа нема да се случи. 

Наместо тоа, првата ДРС зона ќе биде на излезот од накосениот свиок за да се искористи можноста за следење пред кривината Тарзан. Забраната за ДРС ги изненади шефовите кои очекуваа тоа да биде дозволено, но сепак сеуште се надеваат дека може да има промена.  Јан Ламерс кој е спортски директор на Холандија изјави: 

Изненаден сум. Мислам дека е нормално прво да се видат податоците и реакции на возачите. Подоцна да се донесе одлука доколку не е безбедно. Не треба однапред. 

Ламерс смета дека промената може да се случи во петок вечер кога ФИА ќе ја види реалната ситуација. 

Не знам колку брзо ќе дојде промената, но отворени сме тоа да се случи до петок вечер. На симулациите се е можно, но мора да се види во живо. Има разлика во потисната сила. На симулациите тоа не е така. 

Победниокот на Инди500, Лујендук на социјалните медиуми побара да се дозволи ДРС на свиокот. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ