Хулкенберг имал физички тежок тест со Хаас

Нико Хулкенберг се врати на патеката на постсезонскиот тест во Абу Даби со Хаас, екипа за која ќе вози наредната сезона. 

Германецот ќе се врати на гридот наредната сезона со Хаас иако последен пат возеше во 2019 година, а последните две години беше резервен возач во Форс Индија / Астон Мартин и одработе неколку трки за нив.

Имав добар ден исполнет со работа. Собравмноу многу податоци и тоа беше целта. Има многу работи кои мора да ги разберам и да ги анализирам, но задоволен сум како пројде денот. Нормално немаше ништо неочекувано – изјави германецот.

Хулкенберг признава дека враќањето во болидот не било така едноставно. 

Не е само вратот, туку и целото тело. Мора да работам на долниот дел од грбот бидејќи беше тешко. На крајот од денот бев доста истоштен, Но ме чекаат три месеци подготовки за новата сезона. Интензитетот на болидите е различен  и ќе видиме како ќе биде на трка, Но имам план. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ