Хулк најавува: Саудиското ГП ќе биде најтешко во мојата кариера

Резервистот на Астон Мартин кој ќе одработи втора трка по ред за екипата, Нико Хулкенберг, откри дека очекува претсојното Саудиско Гранд При да му биде најтешко во кариерата.

Германецот во Петок беше потврден за трка со тимот откако Себастијан Фетел не се опорави на време од корона вирусот. Тој се квалификуваше на 18то место вчера, пред Јуки Тсунода кој не постави време, но ќе напредне позиција откако Мик Шумахер и Хаас решија да се тркаат само со еден болид.

Хуленберг објасни дека е подобро подготвен одошто минатата недела во Бахреин каде дојде без ниту еден ден тестирање, иако призна дека Џеда е далеку потешка патека.

подобро сум подготвен и имам повеќе време во болидот, но оваа патека е нешто друго, ништо како никоја друга патека на која сум се тркал. патеката е пребза за улична, навистина е лудило, многу бара, огромен предизвик.

беше тежок викенд за да се најде саомдоверба, да се најде ритам, тоа продолжи на квалификациите, затоа можам да кажам дека имаше и повеќе време и подобар ритам во мене и болидот, но за жал не успеав да извадам се.

јасно е дека позицијата на седење и се останатото е непознаница, но повеќе не е ново за мене. оваа патека ја знам единствено од симулаторот, но тоа не е доволно, се ми е ново – посочи хулк.

Тој беше запрашан да ја спореди реалната патека со симулаторот на тимот, а разликите беа следни:

нема што да се споредува, искрено затоа што во симулаторот немате такво чувство за брзина, немате толкави сили кои влијаат на вашето тело, воопшто не е иста. исто така, доколку излетата во симулаторот, нема прашина, нема недостаток на грип, различно е, реалноста е многу напната и интензивна.

трката ќе биде невероајтна, веројатно ќе биде најтешката трка во мојата кариера, физички патеката бара премногу. сакам да ја комплетирам и да му помогнам на тимот колку што можам повеќе.

патеката е сложена и бара премногу, не знам, дефинитивно многу работи што може да се случат при толку голеим брзини, ризикот е голем особено овдека.

секогаш велам дека ако возачите се плашат од брзина, никој не ги тера да се тркаат. ако не се чувствувате безбедно, секогаш може да го пуштите педалот за гас, се е до возачот.

баку е многу брза патека, но повеќе е праволониска, кривините не се ни оддалеку страшни како овие.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ