Шатори наместо моторхоумови во Австрија

Формула 1 падокот ќе изгледа сосема различно од вообичаеното за една европска трка при почетокот на сезоната во Австрија поради тоа што монтажни шатори ќе служат како замена за скапите моторхоумови на екипите, додека камионите со опремата на екипите ќе бидат доста подалеку од гаражите.

Како дел од мерките за ограничување на персоналот кој е присутен во падокот, Формула 1 и екипите се договорија вообичаените моторхоумови кои се присутени на сите трки во Европа, да не бидат носени на Ред Бул Ринг. Одлуката е донесема поради фактот што самото градење на домовите на екипите на патеките бара многу персонал, а во ситуација на ограничен персонал, најдобро е да се користи она што патеката го има како објекти.

Отсуството на огромните објекти во падокот значи дека постои можност да се направи еден вид на посебен паркинг за сите камиони на тимовите кои се преполни со опрема. Истите вообичаено се блиску до гаражите, но овој пат ќе бидат поместени, а шатори ќе бидат поставени во задниот дел од гаражите за да се добие повеќе простор за социјално дистанцирање кое е неопходно.

трката во австрија нема да биде како вообичаена европска трка затоа што нема да имаме моторхоумови на неа. во договор со формула 1 се договоривме да ги поместиме камионите со опремата подалеку од гаражите, а ќе добиеме сопствени шатори и тенди. тоа ќе ни даде мног повеќе простор позади гаражите со цел социјално дистанцирање и несоздавање не гужви – најави карл фансон, задолжен за логистика во мерцедес.

Тимовите ќе мора да ги променат и процедурите на работа со надворешните добавуваи во падокот, за да се осигура минимален контакт и можност за некаква зараза. Фансон дополни дека испораките на делови од фабриките ќе се собираат на едно место понастрана од падокот, а ќе има и различен пристап во снабдување со гориво и со гуми.

вообичаено горивото ни се испорачува до гаажите, а самите праќаме луѓе во пирели да ги земат гумите. сега ќе има едно место каде ќе се носи и е се подига горивото, а за гумите ќе има посебно место. нашите луѓе ќе одат до тие места за да си ги земат гумите и горивото.

штом завршиме со гумите, ние ќе имаме обврска да ги носиме до пирели, а не самите да си ги земаат како порано.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ