Рестрикциите во падокот попуштаат, моторхоумовите се враќаат во Белгија

Огромните моторхоумови на екипите повторно ќе бидат дел од падокот на Големата награда на Белгија како дел од минималното попуштање на рестрикциите во спортот.

Гломазните камиони кои се домови на тимовит еза време на трките се дел од падокот долги години и со тек на време прераснуваа во огромни струкгури за кои требаше голем персонал при транспорт и поставување на секоја Европска трка.

Сепак, согласно Ковид-19 протоколите, тие беа забранети на патеките со цел да се намали бројот на персонал на секоја Гранд При трка, така што тимовите работеа од објектите кои се на располагање на самите патеки.

Мало олеснување на реструкциите ќе им дозволи на тимовите да ги вратат своите моторхоумови во Белгија, а истите ќе патуваат и потоа во Италија, Германија и Португалија.

Главна причина за враќањето на моторхоумовите се поголемите трошоци за изјамнување на дел од објектите на патеката како и зголемените трошоци за надворешен кетеринг кои мораше да го има.

Сепак, држењето на луѓето во својот “меур“ сеуште останува на сила, моторхоумот ќе биде ограничен само на луѓе од екипата, а новинарите ќе продолжат да работат само од медиа центрите.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ