Новиот Ф1 моторхоум се појави во Шпанија

Шефовите на Формула 1 ќе имаат далеку повоочливо присуство на гридот од оваа година благодарение на новиот моторхоум на два спрата кој за прв пат во падокот се појави во Барселона.

Десетици години наназад Формула 1 имаше мал и неприметлив моторхоум од каде се работеше, но Либерти Медиа ја прекршија таа традиција со својот огромен објект. Со својата појава истиот изненадил многумина во падокот, а моторхоумот може да парира на оние кои ги користат екипите.

Се очекува објектот да биде средиште на многу состаноци, како и гости на спортот на европските трки.

По две години кога падокот во Формула 1 беше сиромав и празен поради пандемијата, шефовите на тркачката серија се надеваат дека годинава многу работи ќе се вратат во нормала со контрола над пандемијата.

Интересно што оваа нова инфраструктура на тркачкат серија доаѓа многу кусо откако Рос Браун најави дека целта е да се стекне нарбон неутралност и да се избегнат гломазните градби на трките за кои е потребно голема емисија за да се одвлечкаат од една на друга трка.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ