Шафнауер: Нетфликс може да ги направат состаноците многу интересни

Тимскиот шеф на Алпин, Отмар Шафнауер, смета дека присуството на камерите на Нетфликс на состанокот на тимските шефви во Монтреал многу ќе му помогне на спортот за дополнителна гледаност.

Состанокот беше нормална собиранка на шефовите на екипите во Сабота наутро каде како домаќин беше Стефано Доменикали одржувајжи ја во живот праксата која ја почна неговиот претходник Чејс Кери. Овој пат камерите на Drive to Survive го следеа Тото Волф и добија дозвола да го снимаат состанокот.

Нетликс беа сведоци на жестока дискустија помеѓу Тото Волф, Кристијан Хорнер и Матиа Биното, каде како главна тема беше потскокнувањето и новата техничка директива на ФИА. Некои инсајдери сметаа дека присуството на камерите донело театралност на состанокот, нешто што го потврди и самиот Хорнер.

секако дека камерите направија да бидм воздржан за да се отврорам целосно и не сум сигурен дали нетфликс треба да бидат таму.

се сеќавам кога гледав еден филм за сена пред толку многу години и имаа камери на тие состаноци што е одлично за фановите за да се разберат повеќе работи. тоа создава драма, тешко е да се каже со сигурност затоа што не може да создадеме контролиран експеримент за точно да разбереме.

сигурен сум дека снимки од нешто такво ќе има влијание кај луѓето, но не можам со сигурност да кажам колкаво. работите кои фановите ги гледаат и разбираат се едно, а ова може само да го зголеми ова – посочи шафнауер.

Американецот се потсетува на средба со фанови кои биле под импресии на сјајната серија на Нетфликс.

се сретнав со еден фан од чикаго и еден од мичиген и двајцата рекоа сека се ковид формула 1 фанови, односно дека гледале формула 1 на телевизија само поради пандемијата и дека им се видело многу интеерсно.

тие не ги гледале сите формула 1 трки, ја гледале само серијата на нетфликс и почунваат да го разбираат спортот. патуваа и дојдоа на трка во мајами, а и во канада.

ако поголемо присуство на камери од страна на нетфликс помага за повеќе фанови во спортот, тогаш јас сум за.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ