Шафнауер не исклучува враќање на Рикардо

Тимскиот шеф на Алпин, Отмар Шафнауер, посочи дека историјата и напуштањето на Даниел Рикардо на Рено пред две години нема да биде пречка за негово враќање во екипата доколку не успеат да ги обезбедат услугите на Оскар Пиастри за во иднина.

Алпин се надеваат дека нивниот млад австралиски штитеник ќе го пополни местото кое Фернандо Алонсо со својот трансфер во Алпин го остави испразнето, така што екипата во Вторник објави дека Пиастри ќе вози за нив од следнат година, но кусо потоа, австралијанецот го искористи својот Твитер профил за да демантира.

Падокот шпекулира дека Пиастри се договорил со Мекларен и тоа е причината што демантира потпис за Алпин, тимот кој сакаше да го позајми во Вилијамс откако првично ќе обезбеди потпис на Фернандо Алонсо, но тоа не се оствари.

При својата изјава дека заминувањето на Алонсо годознал од медиумите, Шафнауер откри дека по соопштението на Нандо, му се јавиле многу возачи нудејќи му ги своите услуги.

Ако Рикардо биде отстрнет од Мекларен за да направи простор за Пиастри, како повеќекртен победник на трка тој би бил атрактивна опција за фабричкиот Алпин односно Рено и покрај несоврешното збогување со тимот на крајот на 2019 година. Рено многу очекуваа од него, се прилагодуваше цела 2019 година, за да по само две сезони не продолжи со нив и мине во Мркларен. Но, од тогаш има и менаџерски промени во Енстон, замина Абитебул, а Шафнауер како потчинет на Лорен Роси, раководи со екипата. Но, се зборува дека особено шефот на Рено Груп, Лука де Мео, бил незадоволен од начинот на кој Рикардо замина.

Запрашан да го прокоментира евентуалното доаѓање на Рикардо, Шафнауер го спореди со Алонсо кој доаѓа и си оди, но приоритет стави на наоѓање на вистинскиот возач.

погледнете го на пример фернандо, тој доаѓа и си оди и мислам дека тоа е случај и со некои други возачи, но не е некаков проблем. мораме да бидеме сигурни дек аработиме согласно донесениот план и го имаме најдобриот возач што можеме, а пред нас имаме опции. ако го ставиме најдобриот возач до естебан, ќе напредуваме според планот – посочи американскиот шеф на екипата.

Во врска со ситуацијата на Пиастри, Шафнауер ја спореди со онаа на Џенсон Батон во 2005 година кога се мислеше дек возачот ќе направи трансфер во Вилијамс, но остана во БАР по судска борба помеѓу двете екипи.

долго време сум во спортот да за знам како се одвиваат овие работи. кога џенсон потпиша со вилијамс и прекина со бар, се сеќавате на тие денови, немаше никаов проблем. оскар е поинаков од џенсон и се надевам дека ќе се разбереме.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ