Шафнауер: Ова беше година на пропуштени шанси

Отмар Шафнауер вели дека 2020 година била година на пропуштени шанси за неговиот тим, но тимскиот шеф истакнува дека тие ќе се вратат посилни следната година како Астон Мартин Рејсинг.

Рејсинг Поинт ја загубија третата позиција во пласманот од Мекларен на последната трка, откако Серхио Перез се откажа на почетокот поради проблем со моторот, додека Ленс Строл успеа да стигне до само еден поен.

Тешка вечер кога не ни одеше од рака. Ленс имаше тешка трка откако беше задржан од Саинз во боксовите, додека Серхио се откажа во 10от круг поради моторот. Тоа не остави во тешка позиција да го задржиме третото место во пласманот и завршивме само 7 поени позади целта.

Ова беше година на промашени шанси од повеќе причини, вклучувајќи многу несреќи која не чинеа вредни поени. Разочарувањата ќе бидат наша мотивација и ќе се фокусираме на позитивните страни од неверојатно силна сезона во која уживавме одлични моменти.

Покажавме дека имаме конкурентен болид и тим, што е одлична база да бидеме уште посилни во 2021 под името на Астон Мартин – најави американецот.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ