Шафнауер оптимист: Можеме да се бориме за второ место

Тимскиот шеф на Алпин, Отмар Шафнауер, посочи дека тимот има за цел да се вклучи во борба за второто место зад доминантниот Ред Бул.

По првите три трки, борба за втор најбрз болид се води помешу Мерцедес, Ферари и Астон Мартин, а Ред Бул се оние кои се далеку напред, како на квалификации, така и на трка. Во последно време Алпин изгледаат доста блиску до врвот од поредокот иако судар помеѓу двајцата возачи на тимот дојде до лошо Австралиско Гранд При.

задоволен сум од одредени области годинава, а анализата на компаративната предност која ја правиме ни покажа дека сме напреднале повеќе од ферари и мерцедес до сега. но, дополнително заостанавме зад ред бул, екипа која најмногу напредна сезонава, а се надеваме дека повторно ќе се тркаме против астон мартин. одработивме добро во текот на зимата, може и подобро, но работиме на оптимзација.

имавме добра трка во австралија и речиси до крајот бевме на 5то место, а сударот за време на црвеното знаме уништи се и изгубивме многу поене. добро е што стануваме се поконкурентни иако штета е што не освоивме поени на последната трка.

за мене најважно е да бидеме конкурентни и да продолжиме да се развиваме до крајот на сезоната како, а поените сами по себе ќе дојдат – објасни шафнауер.

Американецот посочи дека екипата има намера да победи во војната по развој што ќе биде клучни оваа година.

не сме онаму каде што сакаме да бидеме и поради тоа мораме да се развиеме побрзо од конкуренцијата. мораме да учиме повеќе од останатите за да ги престигнеме и да го надоместиме заостатокот, тие три четири десетинки колку што ни недостасуваат.

знам дека сите го велат истото, видов дека и мерцедес го влат истото, но тие целат да ги стигнат ред бул и поради тоа мора повеќе да напреднат од нив. тоа го сакаме и ние, но некој очигледно ќе се развие побрзо од останатите и се надевам дека тоа ќе биде алпин затоа што работиме напорно кон таа цел.

Тој верув дека може да стигнат поблиску до оние пред нив со цел на крајот да добијат можност да го стигнат и Ред Бул.

по мене, ако се борите за второ место годинава, всушност се борите за да не сте 4ти, толку е блиску и мораме да надоместиме за да бидеме во можност да се тркаме против мерцедес, астон и ферари, групата која се бори за второ место.

ако успееме да надоместиме некои три до четири десетинки и бидеме побрзи а толку од останатите, тогаш и ние ќе се приклучиме во таа борба. тоа е наша цел и имаме уште 20 трки да ја оствариме.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ