Шафнауер: Правиме промени по очајниот Петок

Тимскиот шеф на Алпин, Отмар Шафнауер, призна дека екипата прави промени по многу тешкиот Петок кој го имаа во Баку,  пред се со оптимизирање на подот.

Но, американецот потврди дека не се каат што донеле значителни подобрувања на А523 болидот, почнувајќи од новиот под и покрај тоа што биле свесни дека ќе имат малку време за тест и прилагодување. Сите екипи имаа само една сесија од 60 инути да се подготват за квалификациите во Петок попладне кои го одредуваа поредокот за во Недела.

Пјер Гасл пропушти најголем дел од сесијата откако протекување од хидрауликата донесе пожар во неговиот болид, додека Естебан Окон остана долго во гаражата откако механичарите приметиле проблем и кај него. Пред квалификациите, Гасли добил нов мотор и менувач, но имаше судар уште рано во првиот сегмент, така што е целосно неподготвен за она што следува викендов.

за жал имавме хидраулично протекување кое донесе пожар во болид от на пјер, а потоа го внесовме и естебан каде приметивме потенцијален проблем во задниот дел од менувачот и моравме да го истражие и решиме пред да го вратиме да вози.

како што се виде на крајот, болидот на естебан имал ситен проблем, но немаше доволно време да се извади подот и да се истражи и моравме да работиме на потешкиот начин, загубивме многу време и сесијата заврши – објасни шафнауер.

Отмр посочи дека загубеното време било многу скапо и поради тоа не успеале да ја комплетираат зацртаната програма со новините кои ги донеле на двата болиди.

двајцата возачи се неподготвени затоа што имаа проблеми, а носиме новини кои треба да се проценат, прво нешто што се прави со такви делови. имавме цел час монтирање на новините, не се работи за ситни делови, туку за голем под кој е целосно нов.

со новиот под имаме куп различни сетирања кои можеме да ги направиме за да добиеме перформанси, но немавме време и место да го направиме тоа, за жал. мавме проблеми од техничка природа, но штом ќе добиеме можност соодветно да го сетираме болидот и соодветно да го наместиме новиот под, ќе бидеме силни.

Тој призна дека си отежнале со самото тоа што одбрале да донесат новини на спринт викенд со оглед на ограничените тренинзи, но смета дека ако немале технички проблеми, ќе успееле.

направивме избор, можеби не беше добар од сегашна гледна точка, но имавме проблеми кои не можевме да ги предвидиме. ако знаевме дкеа ќе возиме само половина час, немаше да носиме новини. ако добиевме цела сесија од 60 минути ќе имавме доволно време да го истражие сетирањето.

на брзина правиме промени во сетирањето кај естебан за квалификациите и како што менувавме стануваше се побрз, но направи грешка на последната кривина која вго чинеше 2-3 десетинки во к2 кругот. ако не беше таа грешка, дефинитивно ќе напредуваше повеќе и ќе стигнеше до последниот дел.

но, научивме од тоа, направивме промени кои видовме дека го забрзаа болидот и нетрпелив сум целосно да го истражиме новиот под. ќе видиме како ќе биде, имаме подготовки во текот на ноќта, а во недела се поените.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ