Шафнауер смета дека ДРС ќе остане во спортот

Тимскиот шеф на Алпин, Отмар Шафнауер, потврди дека смета оти ДРС системот ќе остане како “неопходно зло“ во спортот и во иднина затоа што болидите за мачат со претекнувањето.

Системот за намалување на отпорот е воведен во 2011 година со цел да се подобри тркањето и спекаклот преку давање на поголема можност на возачите да се претекнат едни со други. Но, системот често е критикуван затоа што е премоќен и дава преголема предност на оној кој претекнува и лесно минува во зоната за кочење.

Новите аеродинамички правила беа насочени да го олесната следењето и да создада повеќе можности за претекнување, со крајна цел да се отстрани ДРС, но проценката на Шафнауер е дека системот ќе остане некое време на гридот.

имаше некои цели, една беше да се згусне гридот и мислам дека делумно тоа е постигнато. тркањето е малку поблиску, а друга цел беше да се искористи максимум од потисната сила од подот за претекнувањето да биде полесно.

на некои патеки, сеуште дрс е неопходен за да се претекне и без тоа ќе се мачиме, но имавме многу забавна сезона и мислам дека од таа гледна точка, тркачката серија испорача – посочи отмар.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ