Шафнауер смета дека правилата се добри и покрај хаосот од Мелбурн

Отмар Шафнауер, шефот на Алпин, смета дека правилата во Формула 1 се добри и покрај хаосот кој го донесоа и начинот на кој заврши последното Австралиско Гранд При.

Трката во Мелбурн имаше три црвени знамиња, од кои последното на круг до крај, така што настанот заврши со дефиле зад безбендосното возило. Предтходно имаше рестарт од гридот кој донесе судари и елиминации, така што контролата на трка се реши за безбеден крај на настанот.

може да се променат правилата затоа што помагааат во еден случај, но може да има други ситуации каде тоа нема да биде така. правилата се онакви какви што се и не смее да се менуваат во текот на трка. по крајот на сезоната треба да се анализира тоа затоа што се појавуваат различни сценарија, во некои правилата се добри, во други не. мислам дека правилата се добри овакви какви што се.

искрено верувам дека има различни сценарија и треба да се држиме до правилата што сме ги донеселе. ако сакаме да се вратиме подоцна, добро е, но треба да сме внимателни – посочи американскиот шеф на алпин.

Запрашан дали неговиот тим притискал трката да заврши согасно поредокот од пред вториот рестарт кога имаа два болиди во трка, тој потврди.

секако дека го сакавме тоа за да освоиме силни поени. втората безбедносна линија е пред првата кривина и пјер веројатно ќе беше 4ти во тој случај поради тш јас го барав тоа. но, стјуардите донесоа правилна одлука затоа што правилата мора да се почитуваат.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ