Шафнауер: Тимската работа се исплатеше во Бразил

Тимскиот шеф на Алпин, Отмар Шафнауер, изјави дека добрата тимска работа помеѓу Естебан Окон и Фернандо Алонсо донела силен резултат за тимот во Бразил. 

Алпин се врати по катастрофалниот спринт на Интерлагос и стартуваше од задните позции, но на крајот Фернандо заврши на 5та позицја, а Окон три места зад него. Во моментов екипата е на 19 поени од Мекларен во борбата за четвртата позиција. 

Клучно беше што Окон се согласи да го пропушти Алонсо по рестартот бидејќи шпанецот имаше понови гуми. 

Се покажа непредвидливоста на Формула 1. Мислам дека е најважно да се игра како тим бидејќи сите победуваат И возачите кои сакаат поени и тимот. Тимската игра е најважна за максимални поени за екипата – посочи американскиот шеф.

Шафнаеур изјави дека реагирал на инцидентот помеѓу неговите возачи. 

Тоа е неприфатливо за тимот бидејќи над 1.000 луѓе работат за ние да сме на четвртата позиција. Такви глупости не се дозволени, посебно со колега и кога сме толку блиску во шампионатот. 

На главната трка имаше мала тензија кога Окон доби наредба да не се бори со Алонсо. 

Инженерот му кажа и му повтори на Окон. Два пати му беше кажано иако тој сакаше да се бори со Фетел и Ботас и имаше право на тоа, Но со предност со нови гуми, мислам дека не треба да се борат и да губат време кога се на различна стратегија. Целосно го разбирам Естебан. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ